Вардар ќе обезбеди милион евра гаранција за да добие дозвола за настап во Лигата на Шампионите
- Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како гаранција за неп

Скопје, 15 јули 2021 (МИА) – Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како гаранција за непречен настап во елитното натпреварување за сезоната 2021/22.
Повеќе македонски медиуми денеска објавија дека претседателот на „црвено-црните“ потврдил за подготвеност да се плати котизацијата во ЕХФ.
Крајниот рок за уплата на еден милион евра е 27 јули.
Вардарци се цо група со Елверум, ПИК Сегед, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Алборг.
Новата сезона во ЛШ македонскиот тим треба да ја почне во средината на септември. зс/