• петок, 15 ноември 2024

Вардар ја почна 2020-та со победа против Еурофарм

Вардар ја почна 2020-та со победа против Еурофарм
Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) - Без неколку од своите звучни имиња, Вардар ја почна новата 2020 година со победа, откако одигра тренинг натпревар против Еурофарм Работник. „Црвено-црните" со неколку млади играчи во составот успеаја да победат со 32-28 против битолскиот тим и покажаа дека сериозно се подготвуваат за одбраната на трите титули и враќањето на Куп титулата. Во тимот не беа голманите Кизиќ, Гедбан и Кугис, ниту пак Стоилов и Атман. Иако тренира во екипата Толедо се уште го нема облечено дресот на скопскиот тим, а Дисингер се уште е на рехабилитација по операцијата на коленото. Вардар на 5 февруари го игра првиот дуел од ЛШ, кога ќе игра против германски Кил.

Остани поврзан