Вардар убедливо поразен од Рајн-Некар во плејофот за Лигата на Европа
- Двократниот европски шампион Вардар вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Рајн-Некар Левен со 34:25.

Скопје, 26 август 2023 (МИА) – Двократниот европски шампион Вардар вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Рајн-Некар Левен со 34:25.
Германскиот претставник со оваа победа направи голем исчекор кон групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ.
„Црвено-црните“ имаа сили само за едно полувреме. На пауза се отиде со нерешен резултат 14:14. Во вторите 30 минути фаворитот беше надмоќен и не дозволи изненадување.
Лазаревски Срдановиќ и со по пет постигнати погодоци беа најефикасни во таборот на Вардар на овој натпревар.
Реваншот е по седум дена во Германија. зс/
Фото: МИА