• петок, 05 декември 2025

Вардар тргна со победа на подготовките

Вардар тргна со победа на подготовките

Скопје, 10.август 2025 (МИА) - Во првиот контролен натпревар ракометарите на Вардар остварија победа. Совладана беше екипата на Бутел со 33:21.

Ова за „црвено-црните“ беше првиот натпревар под водство на новиот тренер Иван Чупиќ. Како дел од подготвителните натпревари Вардар ќе учествува на турнирот во Охрид.

За тимот на Бутел веќе следните денови ги очекува настап на турнирот во Струга, каде ќе одиграат три натпревари.

Првиот официјален натпревар за Вардар ќе биде Супер купот против шампионот Еурофарм Пелистер на 3.септември.    мн/

Фото: Фејсбук РК Бутел Скопје

Остани поврзан