• среда, 27 ноември 2024

Вардар против Веспрем на 1 и на 8 април

Вардар против Веспрем на 1 и на 8 април
Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Европската ракометна федерација во договор со клубовите учесници во осминафиналето од Лигата на шампионите ги одреди датумите на одигрување на натпреварите. Македонскиот првак Вардар во борбата за пласман меѓу Топ-8 екипи ќе игра со Веспрем. Првиот меч е во Скопје, според договорот треба да се игра на 1 април во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Реваншот е седум дена подоцна, на 8 април во Унгарија исто така во 18:45 часот. зс/

Остани поврзан