Вардар подобар од Пелистер во првото големо дерби од Суперлигата
- Првото дерби во македонското ракометно првенство му припадна на Вардар кој вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.

Скопје, 26 септември 2021 (МИА) – Првото дерби во македонското ракометно првенство му припадна на Вардар кој вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.
Предводник на „црвено-црните“ до триумфот над битолчани беше Тимур Дибиров со 10 голови, во поразениот тим се истакнаа Стипе Мандалиниќ и Томислав Кушан со по пет погодоци.
Вардарци со максимални четири победи и 12 освоени бода се лидери на табелата во Суперлигата.
Еурофарм Пелистер го запиша првиот пораз и со девет бода е во групата на пет екипи од второто до шестото место. зс/