• петок, 08 ноември 2024

Вардар единствен со максимален ефект по четири коло во Суперлигата група-А

Вардар единствен со максимален ефект по четири коло во Суперлигата група-А
Скопје, 25 септември 2022 (МИА) – Во ракометната Суперлига група-А, викендов се играа натпреварите од 4.коло по кое единствена екипа со максимални 12 бода е Вардар. Бранителот на шампионскиот трофеј, вчеравечер во дербито со Алкалоид славеше победа, но „фармацевтите“ кои за првпат играат во најсилната лига, се покажаа како достоен ривал и беа многу блиску до освојување бодови. Постигнати резултати: Куманово – Охрид 22:31 Вардар – Алкалоид 28:25 Вардар Неготино – Бутел 20:27 Струга – Прилеп 25:25. Табела: Вардар 12 бода, Алкалоид и Бутел по 9, Струга 7, Охрид 6, Куманово 3, Прилеп 1, Вардра Неготино 0. зс/

Остани поврзан