• среда, 27 ноември 2024

„Варајети“: Комичарот Џад Апатоу со преостри шеги кон Том Круз

„Варајети“: Комичарот Џад Апатоу со преостри шеги кон Том Круз

Лос Анџелес, 20 февруари 2023 (МИА) - Џад Апатоу, комичар, режисер и водител на доделувањето на наградите на Американското здружението на режисери, а на сцената, меѓу другото, го исмеа глумецот Том Круз, пишува „Варајети“ (Variety).

Режисерот, имено, според многумина и преостро се шегувал за висината на Круз, неговата желба сам да ги изведува опасните акциони и каскадерски сцени, сајентологијата, но и начинот на одгледувањето на децата со глумиците Никол Кидман и Кејти Холмс.

- Се сеќавате ли кога Том Круз скокаше на каучот и сите бевме како „Каков лудак!“, го започна комичарот својот сценски монолог, потсетувајќи на контроверзното гостување на акционата ѕвезда кај Опра во 2005 година. - Сега го гледаме како се фрла од карпите на мотор и си размислуваме: „Ох, Том е добро.“ Не, Том не е добар! Некој треба да му објасни што е „ЦГИ“ (компјутерски генерирани слики). Имаш 60 години. Смири се!, рече Апатоу.

Потоа тој се префрли и на користењето антидепресиви, но потоа и на шегите за децата и приватниот живот на Круз.

- Единственото нешто од што (Том Круз) навистина се плаши, изгледа, е заедничката грижа за децата и антидепресивите. Јас денеска ја удвоив дозата „Прозак“ - само поради ова! Што мислите, што би размислувал Том ако не зема толку многу антидепресиви? Веројатно нешто како „Нема шанси да скокнам од оваа карпа кога сум толку брутално богат“, вели сценскиот комичар.

Глумецот од „Невозможна мисија“, пак, јавно го изрази своето противење да зема антидепресиви, согласно неговите религиозни убедувања. Тој е припадник  на сајентологијата

Апатоу го заврши својот говор со „врвната шега“ - за висината на Круз, којашто изнесува 170 сантиметри.

- Специјалните ефекти во „Маверик“ („Топ ган 2“) се толку добри што не успеав ни да го видам купот телефонски именици на кои седеше Том за да ги допре контролите на авионот, се пошегува водителот.

Том Круз не беше на доделувањето награди, но продуцентот на „Маверик“, Џери Брукхајмер и режисерот Џозеф Косински беа присутни таму, па не изгледаа „премногу воодушевени“. Од друга страна, режисерот Стивен Спилберг имаше само пофални зборови за славниот актер на неодамнешен настан околу номинациите за „Оскар“.  си/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан