• сабота, 23 ноември 2024

Ван де Бек нема намера да го напушти Манчестер јунајтед

Ван де Бек нема намера да го напушти Манчестер јунајтед
Манчестер, 26 јануари 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек нема намера да го напушти клубот. Според „Атлетик“, тренер на тимот, Оле-Гунар Солскјер, разговарал со фудбалерот пред натпреварот од 18. коло на Премиер лигата против Фулам (2:1) на 20 јануари. Специјалистот сакаше да ја разјасни ситуацијата и да го увери играчот дека ќе добие шанса да се докаже. Овој разговор беше краток, но и тренерот и играчот од средниот ред беа задоволни од начинот на кој се одвиваше. Ван де Бек е уверен дека неговата минутажа ќе се зголемува како што напредува сезоната. Фудбалерот беше убеден дека Јунајтед верува во него и категорично одби да размисли за изнајмување или продажба во текот на зимскиот преоден рок. Кога страните преговараа за трансфер на фудбалерот во Манчестер јунајтед, клубот забележа дека гледа долгорочна перспектива во него, а во првата сезона се очекува тој да одигра околу половина од натпреварите. Во Јунајтед, професионалноста на Ван де Бек е високо ценета, а Солскјер ги издвојува лидерските квалитети на играчот. Минутажата на Холанѓанецот многу зависи и од тоа дали играчот од средниот ред Пол Погба ќе го напушти тимот, чиј договор со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2022 година. Дваесет и тригодишниот Ван де Бек оваа сезона настапи на 10 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан