• понеделник, 23 декември 2024

Ван дер Сар по повеќе од една деценија замина од Ајакс

Ван дер Сар по повеќе од една деценија замина од Ајакс

 

Амстердам, 30 мај 2023 (МИА) – Генералниот директор на холандскиот фудбалски прволигаш Ајакс, Едвин ван дер Сар, објави денеска дека се повлекува од должноста, откако клубот од Амстердам имаше разочарувачка сезона во која заврши третопласиран.

„По речиси 11 години минати во Управниот одбор се чувствувам исцрпено“, рече Ван дер Сар.

Поранешниот голман на Ајакс и Манчестер јунајтед беше член на Управниот одбор на клубот од Амстердам од 2012 година и генерален директор од 2018, а на таа должност требаше да остане до лето 2025.

„Сакавме Едвин да остане, но тој донесе своја одлука. Мораме тоа да го почитуваме. Изминатата сезона не го отсликува целиот период во кој беше на чело на Ајакс. Клубот забележа многу успеси, имаше голем раст и стекна меѓународна препознатливост“, изјави претседателот на Надзорниот одбор, Пјер Еринга.

Ајакс следната сезона ќе игра квалификации за Лига Европа. ег/
ФОТО: Твитер

Остани поврзан