• среда, 25 декември 2024

Вандализам во црквата „Св.Петка“ во делчевското село Селник

Вандализам во црквата „Св.Петка“ во делчевското село Селник

Делчево, 2 април 2024 (МИА) - Непознати сторители во изминатиот период извршиле вандализам во црквата „Св.Петка“ во делчевското село Селник. Случајот го потврдија од црковниот одбор во селото и велат дека за време на вандалскиот чин, причинета е материјална штета.

-Во текот на изминатата недела, регистрирано е оштетување на главната врата за влез во црквата. Искршен е катанецот кој специјално беше набавен да се заштити црквата, а недостигаат и повеќе банкноти и монети кои отсекогаш стоеле во црквата, информираа од црковниот одбор.

Оттаму апелираа до гостите намерници при посета на црквата да се однесуваат во духот на христијанството.

-Апелираме да не се злоупотребува просторот околу и во самата црква, да се чува инвентарот и да не се врши никаква штета, бидејки се работи за една од најстарите цркви на овие простори, додадоа од црковниот одбор во село Селник.

Црквата „Св Петка" во селото Селник е една од најстарите во Делчевско прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура.

Случајот, како што посочија од црковниот одбор, е пријавен до надлежните органи. вс/дма/


Фото: МИА архива
 

Остани поврзан