• среда, 27 ноември 2024

Ванг Ји: Односите меѓу Кина и Јапонија ќе останат во „критична фаза на регрес“ доколку нема напредок

Ванг Ји: Односите меѓу Кина и Јапонија ќе останат во „критична фаза на регрес“ доколку нема напредок

Пекинг, 26 јули 2024 (МИА) - Односите меѓу Кина и Јапонија ќе останат во „критична фаза на регрес“ доколку нема напредок, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во разговор со неговата јапонска колешка Јоко Камикава.

Двајцата разговараа за време на состанокот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во главниот град на Лаос, Виентиан.

Ванг, исто така, рече дека се надева оти Јапонија „ќе ја сфати Кина објективно и правилно и ќе спроведе добронамерна и рационална политика“ кон Пекинг, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Камикава, пак, нагласи дека соработката меѓу двете земји има голем потенцијал, но во исто време има и „нерешени прашања“.

Јапонија им се придружи на САД во ограничувањата за полупроводниците што ја погодија Кина, забележуваат светските агенции.

За ограничувањата за извоз на полупроводници на Јапонија, Камикава рече дека тие не се насочени кон одредена земја и дека Јапонија е подготвена да одржува конструктивна комуникација со Кина и правилно да се однесува кон Пекинг, се додава во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Ванг посочи дека двете земји треба да работат во иста насока, да ја заштитат политичката основа на билатералните односи и да ги испеглаат разликите.

„Со оглед на глобалните и регионалните конфликти, Јапонија е подготвена да работи заедно со Кина за промовирање на стабилноста и просперитетот на регионот“, рече Камикава. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан