• вторник, 24 декември 2024

Ванг: Пекинг се надева на поддршка од Гeрманија за „мирно обединување“ на Кина и Тајван

Ванг: Пекинг се надева на поддршка од Гeрманија за „мирно обединување“ на Кина и Тајван

Пекинг, 15 април 2023 (МИА) - Кинескиот прв дипломат Ванг Ји, на средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг, изјави дека се надева оти Германија ќе го поддржи „мирното обединување“ на Кина и Тајван.

Тој потсети дека Кина го поддржала обединувањето на Германија.

- За да се одржи стабилноста во Тајванскиот Теснец, неопходно е цврсто да се спротивставиме на сепаратистичките активности поврзани со независноста на Тајван, наведе Ванг, нагласувајќи дека „враќањето на Тајван во Кина“ е важна компонента на меѓународниот поредок по Втората светска војна.

Ванг, исто така, наведе дека Кина е подготвена да ја зајакне размената и комуникацијата со Германија за да го подобри меѓусебното разбирање и да се подготви за нова рунда кинеско-германски владини консултации. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан