• сабота, 23 ноември 2024

Валон Ахмеди премина од Шкендија во белорускиот шампион Солигорск

Валон Ахмеди премина од Шкендија во белорускиот шампион Солигорск
Тетово, 9 јануари 2021 (МИА) – Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига Шкендија во продолжението на сезоната ќе биде ослабена за услугите на играчот за врска Валон Ахмеди, кој кариерата ја продолжува во белорускиот првак Шахтјор Солигорск. -Раководствата на двата клуба постигнаа согласност за трансфер на Ахмеди во јануарскиот преоден рок од Шкендија во Солигорск, соопшти вечерва прволигашот од Тетово Ахмеди (26) дојде во редовите на Шкендија во јануари минатата година од екипата на Интер Запрешиќ и постигна четири голови на 16 натпревари во „црвено – црниот“дрес. ег/скс/

Остани поврзан