• понеделник, 16 декември 2024

Валенса: Полска да не беше во НАТО сега ќе бевме во војна со Русија

Валенса: Полска да не беше во НАТО сега ќе бевме во војна со Русија

Варшава, 12 март 2024 (МИА) - Поранешниот полски претседател Лех Валенса оцени дека Полска денеска би била во војна со Русија доколку не влезеше во НАТО. 

-Дефинитивно би имале војна меѓу Русија и Полска. Тоа е јасно. Само не знам како тогаш би реагирала Украина, изјави Валенса во интервју за агенцијата ПАП по повод 25-годишнината од приемот на Полска во НАТО. 

Зборувајќи за идејата за влез на Полска во НАТО, а потоа и за пристапните преговори, тој изјави дека имаше големи тешкотии и дека „Советскиот Сојуз не сакаше да не пушти, а Западот не сакаше да не прифати“. 

На прашањето како Полска и НАТО треба да се справат со заканите на источната граница, поранешниот претседател рече дека е потребно помалку сила, а повеќе мир. 

-Ни треба поедноставна пропаганда која ќе го убеди секој Русин дека се работи за него. Дека се бориме тие да живеат во мир и спокојство - и тогаш и ние ќе живееме во мир и спокојство доколку нè послушаат и го сменат политичкиот систем. Не Сталин. Не Путин, политичкиот систем е тој што овозможува таков бандитизам, заклучи Валенса. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан