Валандовската гимназија набави нов апарат за машинска струка
- За потребите на учениците од машинската струка, Валандовската гимназија набави модерен 3D принтер, кој на техничарите за компјутерско управување ќе им помогне во извршувањето на практичниот д
Гевгелија, 30 мај 2022 (МИА) - За потребите на учениците од машинската струка, Валандовската гимназија набави модерен 3Д принтер, кој на техничарите за компјутерско управување ќе им помогне во извршувањето на практичниот дел од наставните содржини по неколку предмети.
Од гимназијата велат дека апаратот посебно ќе им помогне на учениците при практиката во предметите за техничко цртање, компјутерско моделирање, неконвенционални методи за обработка и за компјутерско управување.
Покрај ова, современиот принтер на учениците техничари треба да им помогне во подобрувањето на процесот за учење, при развојот на иманигативното размислување и за нивно навикнување на автоматско програмирање и дизајнирање.
- Откако ќе создаде модел на компјутер, апаратот ќе му овозможи на ученикот за само неколку часа создадениот модел да го држи во раце што секако претставува одлична мотивација за создавање на нешто ново од страна на идните специјалисти за програмирање и дизајн, велат од гимназијата во Валандово. им/фф/