• петок, 26 јули 2024

Валандово стана инфоточка за регионална младинска соработка

Валандово стана инфоточка за регионална младинска соработка
Гевгелија, 18 март 2022 (МИА) - Општина Валандово преку отворањето и активностите на инфоканцеларијата „Спојувалка“ стана место преку кое се поттикнуваат иницијативи и се развиваат механизми за континуирано дејствување и зајакнување на прекуграничната соработка со младите од Грција, беше констатирано на одржаната работна средба во Валандово. Учесниците на средбата од двете страни досегашната соработка преку реализираните активности ја оценија како плодна и успешна, а ги дефинираа и наредните заеднички чекори на младинската соработка. - Преку иницијативите за младинска соработка досега се имплементирани 15 локални активности во кои биле вклучени повеќе од сто млади луѓе од нашата општина, како и проекти во кои активно учествувале голем број млади луѓе од Грција, информираат од Општина Валандово и посочуваат дека ослободени од товарот на минатото ќе ги продолжат да ги градат партнерствата со соседите. им/фф/

Остани поврзан