• среда, 25 декември 2024

Вагнер може да биде разрешен од тренерската функција во Шалке

Вагнер може да биде разрешен од тренерската функција во Шалке
Гелзенкирхен, 26 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Шалке, Дaвид Вагнер може да биде отпуштен од работа, објави „Билд“. Според информацијата во германскиот весник, судбината на 48-годишниот специјалист зависи од претстојните игри. Утре Шалке ќе игра на гости со Фортуна, а на 30 мај на домашен терен со Вердер Бремен. Доколку тимот не оствари барем една победа на овие натпревари, тренерот ќе биде отпуштен. Претхподно тимот од Гелзенкирхен ги загуби двата меча по продолжувањето на сезоната -  Борусија Д. (0:4) и Аугсбург (0:3). зс/

Остани поврзан