• петок, 05 декември 2025

Бујар Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот

Бујар Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот

16 октомври 2025 

Општината Чаир денес е претворена во партиско седиште. Ова го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи во интервју за ТВ Шења, обвинувајќи дека институциите на општината се узурпирани и ставени во служба на тесни партиски интереси, се вели во соопштението од тимот на Бујар Османи, што МИА го објавува интегрално.  

„Знаете ли дека состаноците на ограноците и подограноците на новата партија се одржуваат во Општинскиот совет?

А за да завршите обична услуга во општината, треба да отидете во еден ресторан во Бутел, да се сретнете со некои луѓе таму, па дури потоа да го земете документот“, рече Османи, додавајќи дека ова е јасен пример за злоупотреба на институциите и за нефункционална локална власт.

Тој истакна дека Чаир денес не функционира како општина на граѓаните, туку како „продолжена рака на една клика и инструмент за лични и партиски профити.

„Сега Чаир е во рацете на мала група и им служи само ним. Создадена е олигархија што се збогатила со милиони на грбот на граѓаните“, нагласи Османи.

Тој најави дека веднаш по стапувањето на функцијата градоначалник ќе преземе длабоки институционални и кадровски промени за професионализација на општинската администрација.

„Сакам со ‘ножиците на хирургот’ да ги пресечам корените што ја гушат општината, и да ја вратиме на граѓаните“, истакна Османи.

Тој потсети дека низ својата политичка кариера секогаш носел резултати, дури и за најтешките прашања на државно ниво, така ќе работи и за општината и за интересите на граѓаните. 

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во интервју за ТВ Шења изјави дека на 19 октомври ќе се случи политика и институционална промена, бидејќи, како што рече, граѓаните се подготвени да ја ослободат општината по 20 години заробеност.

„Анкетите во градот Скопје покажуваат дека соодносот е 8 спрема 2, нема шанси да има влада без Националната Алијанса за Интеграции. Тоа го кажувам од најверодостојни извори“, изјави Османи.

Тој нагласи дека само едно излегување на гласање ќе донесе три големи победи.

„Прво, ќе го ослободиме Чаир по 20 години заробеност, второ, ќе ја урнеме најантиалбанската и најантиевропската влада што сме ја имале и трето, ќе го срушиме концептот што сака да нè сведе на безначајно малцинство“, рече Османи.

Тој додаде дека неговата визија е да ја врати општината на граѓаните и да стави крај на расипничкото трошење на јавните пари.

„Парите што денес се трошат за партиски активисти, тоа се 350.000 евра месечно, ќе се претворат во проекти за граѓаните“, истакна Османи.

Тим на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од Националната Алијанса за Интеграции

Остани поврзан