• сабота, 23 ноември 2024

Буш му честиташе на Бајден, Трамп има право на пребројување

Буш му честиташе на Бајден, Трамп има право на пребројување
Вашингтон, 8 ноември 2020 (МИА) - Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, но исто така изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп има право да бара пребројување на гласовите. Буш рече дека разговарал телефонски со новоизбраниот претседател Бајден и му ја честитал победата. Буш во соопштението додава дека Американците можат да имаат доверба во тоа дека американските избори „во суштина биле фер, дека ќе го задржат својот интегритет и оти резултатот е јасен“. Тој исто така и честиташе на Камала Харис за изборот за потпретседателка. Буш сепак додаде дека сегашниот претседател Доналд Трамп има право да побара пребројување на гласовите и да поведе судска постапка. јт/

Остани поврзан