Буфон нема да се пензионира додека Парма не стигне во Серија А
- Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон откри кога ќе биде подготвен да стави крај на својата играчка кариера.

Парма, 7 март 2023 (МИА) - Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон откри кога ќе биде подготвен да стави крај на својата играчка кариера.
- Сè уште сум енергичен како порано, исто така благодарение на самото враќање на голот на 43 години - ова само по себе дава моќен емотивен и енергетски наплив. Но, можеби ќе пресуши кога ќе се вратам во Серија А со Парма - ова ќе биде исполнување на сите мои цели за мене, го цитира Буфон „ИТАСпортПрес“.
Четириесет и петгодишниот Буфон кариерата ја започна во Парма. Сезонава одигра 10 натпревари за својот тим, прими 16 гола и имаше два натпревара со „чиста мрежа“.
Парма се наоѓа на седмото место во Серија Б со 40 бодови од 29 натпревари. зс/
Фото: ЕПА