• петок, 05 декември 2025

Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона

Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона

Скопје, 31.јули 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп тимот на Бутел ги почна подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Кузманоски на располагање ќе има 23 ракометари, а петмина се нови играчи. Тоа се: трите кадетски репрезентативци - Петар Николоски, близнаците Архангел и Атанасиј Трсунови, како и искусниот голман Благојче Трајкоски и левиот бек од Грузија, Давид Гришикашвили. 

Тимот на Бутел подготовките ги стартуваше во Скопје, а првиот пријателски натпревар ќе го игра на 9.август во Пехчево против Вардар. 

Од средината на следниот месец „бутелчани“ ќе одиграат и натпревари на два турнира: во Струга (13-16 август) и во Прилеп (21-24 август).   мн/

Фото: Фејсбук РК Бутел

Остани поврзан