• сабота, 27 јули 2024

Бускетс ја освои 32-та титула со Барселона и се изедначи со Иниеста, само Меси има повеќе

Бускетс ја освои 32-та титула со Барселона и се изедначи со Иниеста, само Меси има повеќе

Барселона, 15 мај 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ја освои својата 32-та титула како дел од Барселона, која предвреме стана шампион на Шпанија. „Каталонците“ синоќа како гости го победија Еспањол (4:2) и обезбедија недостижна предност пред конкурентите за највисок пласман во Ла Лига.

 

Бускетс стана деветкратен шпански шампион. Има седум победи во Купот и Суперкупот на земјата, трипати ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

 

Тој се израмни со Андрес Иниеста. Само Лионел Меси има освоено повеќе трофеи со Барса - 35.

 

Триесет и четиригодишниот Бускетс не го продолжи договорот со Барселона и во јуни оваа година ќе го напушти клубот како слободен играч. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан