• сабота, 27 јули 2024

Бускетс се повреди на мечот со Швајцарија

Бускетс се повреди на мечот со Швајцарија
Базел, 15 ноември 2020 (МИА) - Играчот за врска на шпанската репрезентација Серхио Бускетс се повреди синоќа на мечот во Лигата на нации со репрезентацијата на Швајцарија (1:1), се вели во официјалниот Твитер на шпанскиот тим. Фудбалерот влезе на теренот во почетниот состав. Во 73. минута беше заменет со Серхио Каналес. Бускетс, наводно, добил силен удар во левото колено, што предизвикува непријатност. Лекарите ќе ја проценат неговата состојба по денешните прегледи. Шпанците ќе имаат уште еден натпревар во Лигата на нации, против Германија на 17 ноември во Севиља. зс/

Остани поврзан