• среда, 25 декември 2024

Бускетс одби да ја намали платата

Бускетс одби да ја намали платата

Барселона, 14 јуни 2022 (МИА) - Капитенот на Барселона, Серхи Бускетс одби да ја намали платата. Во саботата, директорот на каталонскиот клуб Матеу Алемани се сретна со претставникот на играчот, Хозе Марија Оробит, за да разговараат за можното намалување на платата.

Алемани објасни дека во моменталната економска ситуација играчите на Барса треба да се откажат од дел од платите. Само благодарение на ова клубот ќе може да ангажира некого на лето.

Според Marca, според резултатите од првиот состанок, не биле донесени никакви одлуки - Бускетс нема намера да ги намали своите примања.

Актуелниот договор на Бускетс истекува за една година. Како и другите играчи на Барса, тој еднаш веќе се согласи на намалување на платата поради последиците од пандемијата на коронавирус.

Барселона, пак, има намера да ги убеди капитените на тимот на Бускетс, Жерар Пике и Жорди Алба, да се согласат на уште едно намалување - тие имаат највисоки плати во тимот. Пике е подготвен да се откаже од дел од платата. Тој му кажа ова на тренерот Чави на неодамнешниот состанок. зс/

Остани поврзан