• понеделник, 16 декември 2024

Бундеслигата се откажа од приватни инвеститори

Бундеслигата се откажа од приватни инвеститори

 

Берлин, 21 февруари 2024 (МИА) – Германската фудбалска лига (ДФЛ), која е организатор на Бундеслигата, соопшти денеска дека се откажува од планираниот договор со приватни инвеститори, како резултат на силните протести од навивачите по најавите околу проектот.

„Имајќи ги предвид актуелните случувања, успешното продолжување на процесот веќе не е можно“, изјави портпаролот на ДФЛ, Ханс – Јоаким Вацке, по состанокот на работното тело во Франкфурт.

Навивачките протести почнаа со самата најава за влез на приватни инвеститори во Бундеслигата.

Протестите кулминираа последните неколку недели, навивачите на речиси сите натпревари во Бундеслигата предизвикуваат прекини, фрлајќи предмети на теренот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан