• сабота, 31 август 2024

Бузалковски со поддршка од Видеолотарија Касинос Австрија годинава ќе учествува на 20 трки

Бузалковски со поддршка од Видеолотарија Касинос Австрија годинава ќе учествува на 20 трки

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за македонскиот мотоциклистист Христијан Бузалковски. Трикратниот БМУ шампион, со средствата од спонзорскиот договор, ќе добие можност да учествува на повеќе меѓународни натпревари.

- Од април до септември не очекува густ распоред и многу патувања низ Европа. Ќе настапиме повторно на „FIM Европскиот 1000СТК, Alpe Adria интернационалниот шампионат, БМУ Европскиот шампионат, и на Македонскиот шампионат со вкупно 20 натпревари и тоа на патеките во Хрватска, Чешка, Словачка, Грција, Бугарија и Унгарија“, изјави Бузалковски.

Тој е уште еден од македонските спортисти кои ја добија поддршката на Видеолотарија Касинос Австрија. Компанија преку програмата „Играј со најдобрите“ финансиски го помага македонскиот спорт. 

Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт освојувајќи го бронзениот медал мината сезона во Европски шампионат во брзински мотоциклизам. зс/

Остани поврзан