Бузалковски задоволен од начинот на којшто ја почна сезоната во Европскиот шампионат
- Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски изминатиот викенд на патеката крај Серес (Грција) со две победи на БМУ Европскиот шампионат тргна да ја брани титулата.

Скопје, 12 април 2022 (МИА) – Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски изминатиот викенд на патеката крај Серес (Грција) со две победи на БМУ Европскиот шампионат тргна да ја брани титулата.
- Сезоната започна на најдобар начин, остваривме две победи во првите две трки и со тоа го започнавме походот кон одбраната на титулата. Можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше целиот викенд, моторот работеше перфектно и се беше како што треба. Огромна благодарност до моите спонзори Агенцијата за млади и спорт и федерацијата, истакна Бузалковски.
Следната трка ќе се одржи за нешто помалку од еден месец. зс/