Бузалковски БМУ Европски шампион за 2021
- Викендов се возеа последните две трки од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Македонскиот натпреварувач Христијан Бузалковски (71 Теам) успеа да оствари две победи на двете трк

Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Викендов се возеа последните две трки од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Македонскиот натпреварувач Христијан Бузалковски (71 Теам) успеа да оствари две победи на двете трки и заслужено да дојде до втората БМУ Европска титула.
- Конечно, по многу проблеми со моторот (четири пукнати машини) и неколку падови, успеавме да го извозиме последниот тркачки викенд на најдобар можен начин, без грешка, онака како што посакував и умеев. Извозевме одлично, двете трки ги стартував од втората позиција, и уште од самиот старт успеав да направам предност во однос на второпласираниот. Водев од самиот старт па се до последниот круг, точно, прецизно без грешка. И ете успеавме по втор пат да го освоиме БМУ Европскиот шампионат,само овој пат во повисоката класа од 600 кубни сантиметри, изјави Бузалковски.