• понеделник, 23 декември 2024

Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата во Софија поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата во Софија поради отстранување на бугарското знаме во Битола
Софија, 31 август 2021 (МИА) – Привремениот шеф на Амбасадата на Северна Македонија во Софија, Владимир Крстевски денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија, каде му беше врачена протестна нота поради отстранување на бугарското знаме во Битола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на состанокот помеѓу директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа во бугарското Министерство за надворешни работи, Вања Андреева-Малакова и в.д. шефот на Амбасадата на Република Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, беше кажано дека на 28 август 2021 година бугарската страна контатирала отстранување на знамето на Бугарија, сместено до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола. Бугарија изрази длабока огорченост поради инцидентот. Исто така беше нагласено дека секоја акција, изразување омраза против друга земја или нејзините граѓани, е во спротивност со основните вредности на модерните демократски општества и го попречува воспоставувањето на добрососедски односи. Во официјалното соопштение по состанокот, бугарското Министерство за надворешни работи ја прифати јавната реакција на Министерство за надворешни работи на Северна Македонија, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата. За време на состанокот, бугарските власти ја изразија својата загриженост за честите случаи на напади и агресија предизвикани од омраза кон Бугарија, вклучително и против државјани на Република Северна Македонија со бугарско потекло или оние кои се симпатизери на Бугарија. нк/ки/

Остани поврзан