Бугарскиот претседател Радев и честиташе на Шекеринска
- - И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата, напиша Радев.
Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев преку социјалната мрежа Икс и го честиташе назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО.
- И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата, напиша Радев.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.
- Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата. бак/дма/
Фото: МИА архива