• сабота, 23 ноември 2024

Бугарскиот премиер Петков и неговиот романски колега Чука разговараа за трет мост на Дунав и за енергетски проекти

Бугарскиот премиер Петков и неговиот романски колега Чука разговараа за трет мост на Дунав и за енергетски проекти
Софија, 5 февруари 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Кирил Петков оствари телефонски разговор со неговиот романски колега Николае Чука, соопшти бугарската владина прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата премиери сакаат да ја продлабочат регионалната соработка, инфраструктурните и енергетските проекти кои ќе придонесат за поврзување и безбедност во Југоисточна Европа.
За време на разговорот станало збор за проектот за создавање нов мост на Дунав, како и за  заедничка седница на двете влади наесен во Софија, а договорено е бугарскиот премиер  Петков да го посети Букурешт.
Бугарскиот и романскиот премиер разговараа и за можностите за билатерална соработка во рамките на Зелениот договор и Националните планови за закрепнување и одржливост.
Министрите за транспорт на Бугарија и Романија, Николај Сабев и Сорин Гриндиану, веќе се состанаа во Русе и се договорија да ја пуштат ферибот линијата Русе-Ѓурѓево најдоцна до јуни за да го олеснат сообраќајот меѓу двете земји и разговараа за опциите за изградба на трет мост на реката Дунав, што беше тема и во разговорот на бугарскиот премиер Кирил Петков и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како можност за зајакнување на транспортните врски меѓу Бугарија и Романија, што би било од стратешко значење. нк/паг/

Остани поврзан