• вторник, 24 декември 2024

Бугарскиот премиер очекува наскоро да биде сменет претседателот на Регулаторната комисија за енергетика

Бугарскиот премиер очекува наскоро да биде сменет претседателот на Регулаторната комисија за енергетика
Софија, 2 јануари 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува наскоро да бидат сменети претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и води Иван Иванов и останатите членови на комисијата на кои им завршува мандатот, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи во текот на месецов, јави БТА. Според него, Регулаторната комисија за енергетика и води не ја извршува работата и затоа мора да се најде најдобриот начин за заштита на крајните корисници. Тој посочи дека не било разговарано за зголемување на гасот за 30 отсто и тоа е изненадувачки. - Оваа одлука покажа одредено ниво на намера. Не знам дали е замка, но не е добра заштита на крајниот корисник, нагласи Петков. Бугарскиот премиер изјави дека имал разговори со претставници на бизнис заедницата со цел да се разгледа цената на струјата. Наскоро се очекува средба и со министерот за енергетика. Тој додаде дека мораториумот врз цените на гасот и струјата може да биде укинат пред март. Но, претходно мора да се направи анализа на цените и дали може да се намалат трошоците. гт/

Остани поврзан