• сабота, 21 декември 2024

Бугарскиот министер за правда Данаил Кирилов поднесе оставка

Бугарскиот министер за правда Данаил Кирилов поднесе оставка
Софија, 26 август 2020 (МИА) – Бугарскиот министер за правда, Данаил Кирилов, поради критиките упатени до него преку социјалните мрежи, одлучи да поднесе оставка по разговор со премиерот Бојко Борисов. Премиерот на Бугарија ќе донесе одлука дали ќе ја прифати оставката на Кирилов по разговорите со партнерите во владејачката коалиција. Доколку владејачката коалиција ја прифати оставката на Данаил Кирилов, за неа ќе мора да се изјаснат пратениците во собранието, кое повторно ќе биде свикано на 2 септември, по летната пауза. Кирилов беше избран за министер за правда во март 2019 година, откако неговата претходничка Сека Цачева поднесе оставка, поради обвиненија дека наводно купила луксузен стан по ниска цена. Ако неговата оставка биде прифатена, Кирилов ќе биде петтиот министер што ќе ја напушти Владата откако почнаа антивладините протести во јули. Од почетокот на протестите, оставки поднесоа бугарскиот министер за финансии, економија, туризам и внатрешни работи. јт/

Остани поврзан