• понеделник, 23 декември 2024

Бугарија ја освои бронзата на Европско првенство во одбојка за девојки до 16 години

Бугарија ја освои бронзата на Европско првенство во одбојка за девојки до 16 години
Нирегијаза, 18 јули 2021 (МИА/БТА) -  Бугарската репрезентација за девојки до 16 години освои бронзен медал на Европското првенство, што се одржува во Унгарија и Словачка, јави БТА. Во малото финале, Бугарките направија пресврт и победија со 3:2 (21:25, 20:25, 25:10, 25:20, 15: 6) над Турција. Одбојкарите на тренерот Дијан Бојуклиев ги загубија првите два сета со освоени 21 и 20 поени, но во преостанатите три им дозволија вкупно само 36 поени на Турците и го затворија натпреварот по 109 минути игра. Уште еден исклучителен натпревар одигра Ива Дудова (Марица Пловдив), која мечот го заврши со 41 поен - 33 од напади и 5 при сервиси. За Турција, Елем Јилмаз беше најкорисна со 19 поени. Денеска е финалето на Европското првенство - Русија против Италија.

Остани поврзан