• понеделник, 23 декември 2024

Бугарија ја започнува модернизацијата на својата најголема воздухопловна база

Бугарија ја започнува модернизацијата на својата најголема воздухопловна база
Софија, 21 септември 2022 (МИА) - Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека земјата започнува со модернизација на воздухопловната база „Граф Игнатиево“. Инфраструктурата ќе биде надградена за да ги прими новите ловци Ф-16 Блок 70. Како што јави дописникот на МИА од Софија, реконструкцијата на базата ќе чини 150 милиони евра, од кои дел веќе се инвестирани. Главниот дел од овие средства ќе бидат наменети за изградба нов начин на пистата за полетување и слетување воени авиони. Ќе се градат хангари каде ќе се чуваат авионите, воена лабораторија, магацини и комплекс за обука, како и други објекти кои се неопходни за работа на базата. Поранешниот вршител на должноста министер за одбрана на Бугарија, Георги Панајотов, минатата година објави дека Алијансата се согласила тројно да го зголеми делумното финансирање на поправките на базите во земјата, при што сумата потенцијално ќе изнесува 10 милиони евра. Бугарското Министерство за одбрана предупреди дека денеска над Пловдив ќе има поголемо ниво на бучава, а причината е префрлање борбени и тренажни авиони од воздухопловната база. Првите осум авиони Ф-16 Блок 70 треба да бидат испорачани на почетокот на 2025 година. Бугарија има намера да купи дополнителни 8 Ф-16 Блок 70 за да има целосно нова ескадрила за своите одбранбени потреби. нк/паг/  

Остани поврзан