Бугарија не е директно загрозена од воените дејствија, изјави техничкиот премиер Андреј Ѓуров по Советот за безбедност за ситуацијата на Блискиот Исток
- Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Софија, 5 март 2026 (МИА/БТА) – Бугарија не е директно загрозена од воените дејствија. Таа не е страна во конфликтот, не учествува во операциите, како што слушнавме и од генералниот секретар на НАТО, дека и тие не учествуваат во овие воени дејствија. Ова го изјави на брифинг техничкиот премиер Андреј Ѓуров по седницата на Советот за безбедност при Министерскиот совет во врска со ситуацијата на Блискиот Исток.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
„Од друга страна, нашите сонародници треба да запомнат дека за нашата безбедност се грижи Северноатлантската алијанса. Ситуацијата не е стигната до својата критична точка, но ако тоа се случи, ние можеме да се заштитиме и знаеме како тоа да го направиме“, рече Ѓуров.
Тој додаде дека паниката на ниту еден начин не смее да се користи за политичка пропаганда. „Сакам да потсетам и дека противракетната одбрана на НАТО е направена токму на начин на кој може да одбие напади и закани од Иран. И како што видовме во случајот со Турција, таа сработи беспрекорно и затоа можеме да бидеме спокојни и да се потпреме на таа колективна одбрана“, посочи техничкиот премиер.
Ѓуров истакна дека дал упатства до министрите одговорни за безбедноста да зборуваат јасно и отворено со јавноста, нагласувајќи дека нема скриени информации и дека мирот на граѓаните е приоритет. Според него, институциите треба да работат во интерес на општеството, а не на политичките централи кои се подготвуваат за избори.
Тој упати апел до граѓаните да веруваат на официјалните информации и да не подлегнуваат на дезинформации, кои според него имаат за цел да создадат збрка и страв. Ѓуров исто така изјави дека се вложуваат напори дезинформациите да не влијаат на изборниот процес, повикувајќи ги граѓаните на гласањето на 19 април да носат одлуки водени од мудрост, а не од паника.
Премиерот истакна дека бугарските граѓани кои се наоѓаат во регионот на конфликтот продолжуваат да се враќаат во земјата и дека активностите на министерствата за надворешни работи, транспорт и туризам биле соодветни и координирани.
На крајот, тој забележа дека составот на Советот бил проширен со претставници на Народното собрание за да се избегнат шпекулации за постоење скриени информации, што според него било позитивно оценето од сите присутни политички партии.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.