• петок, 21 март 2025

Бугарија мора да ја развие одбранбената индустрија за да стане нето извозник, според премиерот Росен Жељазков

Бугарија мора да ја развие одбранбената индустрија за да стане нето извозник, според премиерот Росен Жељазков

Софија, 20 март 2025 (МИА/БТА) – Бугарија мора да ја развие својата одбранбена индустрија во насока не само да биде дел од заедничкиот европски одбранбен пазар, туку и да биде нето извозник, а не само увозник. Бугарскиот премиерот Росен Жељазков го изјави ова пред бугарските новинари во Брисел, каде што пристигна за да учествува на состанокот на Европскиот совет посветен на одбраната и буџетот на ЕУ.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Тој истакна дека европските лидери ќе разговараат за важни и чувствителни теми. Ќе се разговара за заедничката одбранбена политика, за продолжување на војната во Украина, за барање решенија за траен и одржлив мир и за помош за Украина, посочи премиерот.

Позицијата на значителен број земји кои се потпираат на кохезионата политика е да ја зачуваат заедничката земјоделска политика, политиката на кохезија и политиката на фондовите за внатрешна безбедност. Ќе инсистираме на зачувување на сегашниот модел на споделена одговорност во управувањето и флексибилноста на овие инструменти, додаде Жељазков. Ќе ги искористиме сите можни финансиски инструменти, но мора да структурираме подобра координација меѓу поединечните претпријатија – јавни и приватни – во бугарската воено-одбранбена индустрија, објасни тој во врска со предлогот на ЕК за повторно вооружување на ЕУ.

Бугарија подготвува свој план, на затворена седница се усвоени работи за кои сега не можам да зборувам, прецизираше бугарскиот премиер во однос на очекувањата земјите од ЕУ да достават предлози за инвестиции во одбраната. Подготвени сме, особено за прашањата поврзани со развојот на одбранбената индустрија и капацитетите, во контекст на заедничката европска политика и заедничкиот европски одбранбен пазар, додаде премиерот.

Во врска со усвојувањето на еврото во Бугарија, Жељазков посочи дека очекува позитивен извештај за подготвеноста на Бугарија во мај-јуни. Знаеме кој нема да го поддржи еврото – тоа се „Вазраждане“, МЕЧ, претпоставувам „Велисие“. Се надевам дека сите други, како што досега ја изразуваа својата проевропска ориентација, тоа ќе го покажат и со гласањето за буџетот и сите дејствија кои гарантираат одржливост на јавните финансии и редовното управување, рече тој.

Во врска со неговиот разговор со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола за нападот на Домот на Европа во Софија во знак на протест против еврото, Жељазков објасни дека Бугарија дала гаранции дека во земјата владеењето на правото ќе гарантира правилен однос кон европските институции и неопходни санкции против сторителите, во согласност со стандардите на владеењето на правото. Поддршката за еврото ќе биде онаму каде што луѓето ќе ја препознаат европската иднина на Бугарија како единствена рационална, смислена и правилна насока за развојот на земјата како суверена и просперитетна држава, резимира бугарскиот премиер.

_________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Фото: БТА

Остани поврзан