Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година
- Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ.
Брисел, 12 декември 2024 (МИА) - Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ.
Претходно оваа година, проверките на воздушните и поморските шенгенски граници на двете земји беа укинати со одлука донесена за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 30 декември лани.
-Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа, објави унгарското претседателство. мс/
фото: МИА архива