• вторник, 24 декември 2024

Бугарија во најкус можен рок ќе испрати противпожарни единици кои ќе им помогнат на нашите екипи во гаснење на пожарите

Бугарија во најкус можен рок ќе испрати противпожарни единици кои ќе им помогнат на нашите екипи во гаснење на пожарите
Скопје, 2 август 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук објави дека доцна вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев на кој било договорено во најкус можен рок, Бугарија да испрати противжорани единици во нашата земја. - Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, напиша Пендаровски на ФБ. мс/ац/

Остани поврзан