• сабота, 21 декември 2024

Бубка критикуван за соработка со Русија

Бубка критикуван за соработка со Русија

Киев, 10 јули 2023 (МИА) – Легендарниот украински атлетичар во скок со стап Сергеј Бубка се најде под сериозни критики во родната земја дека на извесен начин ја помага руската инвазија врз Украина.

Ова доаѓа откако истражувачкиот портал „Bihus.info, цитирајќи руски документи, објави статија во која се истакнува дека фирмата „Мон Блан“, чии сопственици се Сергеј Бубка и неговиот брат Василиј, продава гориво во Донбас, кој од почетокот на руската агресија во февруари лани се наоѓа под контрола на Русија.

Украинските новинари наведоа дека фирмата „Мон Блан“ почнала да тргува со „руските терористи“ во мај оваа година, додавајќи оти имале увид во „три договори за испорака на гориво за структурите на окупаторот“.

Бубка е првиот светски атлетичар во скок со стап, кој ја прескокна границата од шест метри, а до минатата година беше и претседател на Олимпискиот комитет на Украина. ег/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан