Брус Спрингстин ѝ потпиша оправдание на мала обожавателка за отсуство од училиште
- Пејачот забележал дека девојче од првите редови држи транспарент со натпис дека не отишла на училиште и оти ѝ треба оправдание за отсуството.
![Брус Спрингстин ѝ потпиша оправдание на мала обожавателка за отсуство од училиште](https://mia.mk/index.php/images/20240402125302_big_730x400_25.webp )
Сан Франциско, 2 април 2024 (МИА) - Американскиот пејач Брус Спрингстин потпишал оправдание за отсуство за своја млада обожавателка која не пошла на училиште поради концертот на својот поп-рок миленик во Сан Франциско.
За време на завчерашниот концерт, Спрингстин забележал дека девојче од првите редови држи транспарент со натпис дека не отишла на училиште и оти ѝ треба оправдание за отсуството.
Снимките од концертот потврдуваат дека Спрингстин го потпишал документот, но не е познато дали училиштето го прифатило оправданието. си/сд/
Фото: Фејсбук