• среда, 27 ноември 2024

Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти

Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Во државава во април годинава се регистрирани 81 752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151 720,  при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2  проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Од вкупно 62 978 странски туристи,  25 324 се од Турција, 3 254 од Германија,  5 006 од Србија,  2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија,  2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија...

Хотелско сместување користеле 76 662 туристи,  од кои 24 472 биле сместени во хотели со пет ѕвездички, 40 392 во хотели со четири ѕвездички, 9 840 во хотели со три ѕвездички... Во преноќишта се сместиле 1 218 туристи, 1150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта...

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 15,3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 7,4 проценти, а кај странските за 19,3 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 15,2 проценти, кај домашните туристи за 15 проценти, а кај странските за 15,4 проценти.лв/са/

фото:МИА архива 

Остани поврзан