Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 2,5 милиони
- Повеќе од 2,5 милиони луѓе во светот починале од коронавирус од почетокот на епидемијата во декември 2019 година, покажува најновиот биланс што го објавија светските агенции.

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) – Повеќе од 2,5 милиони луѓе во светот починале од коронавирус од почетокот на епидемијата во декември 2019 година, покажува најновиот биланс што го објавија светските агенции.
Од Ковид-19 починале точно два милиони и 500.172 лица, додека 112 милиони и 618.488 биле заразени.
Европа е најпогодена област со 842.894 смртни случаи, пред Латинска Америка и Карибите (667.972) и САД и Канада (528.039).
Пет земји – САД, Бразил, Мексико, Индија и Велика Британија – учествуваат со речиси половина од сите смртни случаи. јт/