• сабота, 23 ноември 2024

Бројот на новороденчиња во Словенија е на историски најниско ниво

Бројот на новороденчиња во Словенија е на историски најниско ниво

Љубљана, 14 февруари 2024 (МИА) - Минатата година бројот на новороденчиња во Словенија падна на 16.800, што е за пет отсто помалку од претходната година и најмал број откако се води евиденција од 1922 година, покажуваат прелиминарните податоци на словенечкиот Завод за статистика (СУРС).

Најважна причина за падот на бројот на новороденчиња во последните години е падот на бројот на жени во репродуктивна возраст, меѓу 15 и 49 години, објави СТА.

Нивниот број се намалил за 18 отсто во периодот од 2000 до 2022 година, изјави Мартин Бајжељ, претставник од СУРС. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан