• вторник, 24 декември 2024

Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното

Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното

Берлин, 27 септември 2024 (МИА) - Бројот на невработени во Германија се зголеми за 17.000 во септември на вкупно 2,82 милиони, што е повеќе од очекуваното од аналитичарите на Блумберг. Тие предвидуваа зголемување на бројот на невработени за 13.500 лица.

Стапката на невработеност во Германија во септември изнесуваше шест отсто, исто како и минатиот месец, се наведува во извештајот објавен денеска на германската Федерална агенција за труд.

 „Есенското заживување на пазарот на труд е бавно“, ги коментираше резултатите Андреа Налес, директорката на оваа организација.

Вработеноста во Германија расте со побавно темпо, додека бројот на слободни работни места во вториот квартал од 2024 година е намален за околу 15 отсто во однос на претходниот квартал.

Во посебен извештај на Институтот за економски истражувања ИФО, кој беше објавен денеска, се наведува дека германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници.

Структурните проблеми на германската економија постепено се одразуваат на пазарот на трудот, изјави менаџерот за истражување на ИФО, Клаус Волрабе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан