• вторник, 24 декември 2024

Бројот на загинати во авионската несреќа на Филипини се зголеми на 52

Бројот на загинати во авионската несреќа на Филипини се зголеми на 52
Манила, 5 јули2021 (МИА)Бројот на загинати во вчерашната несреќа на филипинскиот воен авион „Ц-130“ достигна 52, соопштија властите. Претходно беше соопштено дека во несреќата загинале 45 војник, а тамошните воени власти јавија дека 50 лица се спасени. Авионот со 85 патници, тројца пилоти и седум члена на екипажот, вчера се урна при обид да слета на островот Џоло, во провинцијата Сулу, соопшти армијата. Властите соопштија дека пилотите преживеале, но биле повредени, а дека за време на слетувањето на авионот на земјата биле повредени уште четворица локални жители. Засега не е позната причината за падот на авионот. Многу војници од авионот неодамна ја завршиле основната воена обука и биле испратени на островот да се борат против тероризмот во овој претежно муслимански регион, пренесоа француските медиуми.
Според филипинската војска, авионот што се урна вчера бил во „многу добра состојба“ и ги следел сите оперативни протоколи за време на летот, па истрагата ќе треба да даде конечен одговор на прашањето што точно ја предизвикало авионската несреќа. Филипинската војска во јужните делови од земјата со години наназад се бори против исламистичката организација Абу Сајаф, која Вашингтон ја смета за терористичка. паг/
   

 
 

Остани поврзан