Бројот на жртви од свлечиштето во Индонезија се зголеми на 49
- Бројот на загинати во свлечиштето во индонезиската провинција Западна Јава се зголеми на на 49, соопшти денеска главната спасувачка агенција Басарнас, додека 15 лица и понатаму се водат како исчезнати.
Џакарта, 31 јануари 2026 (МИА) – Бројот на загинати во свлечиштето во индонезиската провинција Западна Јава се зголеми на на 49, соопшти денеска главната спасувачка агенција Басарнас, додека 15 лица и понатаму се водат како исчезнати.
Свлечиштето кое го погоди селото Пасир Лангу во Бандунг Барат на 24 јануари беше предизвикано од силни дождови.
Минатогодишните поплави и свлечишта предизвикани од циклонот на Суматра однесоа 1.200 животи и раселија повеќе од милион луѓе.
Басарнас го продолжи периодот на реагирање во вонредни ситуации до 6 февруари, иако парламентот претходно го намали финансирањето на агенцијата. јт/
Фото: Басарнас на Х скриншот