• сабота, 23 ноември 2024

Бројни функционери од централна Америка на листата на корумпирани

Бројни функционери од централна Америка на листата на корумпирани

Вашингтон, 21 јули 2022 (МИА) - Американскиот Стејт департмент додаде десетици сегашни и поранешни функционери, пратеници, судии и бизнисмени од Централна Америка на списокот на луѓе кои американската влада ги смета за „корумпирани и недемократски“.

Списокот вклучува поединци од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала и Никарагва, а меѓу 60 други лица се вклучени Хозе Ернесто Санабрија, секретарот за односи со медиумите на салвадорскиот претседател Наџиб Армандо Букеле Ортесија, неговиот правен советник, двајца судии од Врховниот суд на Гватемала, потпретседателот на Конгресот на Хондурас и бројни поранешни министри од цела Централна Америка.

„Овие поединци, вмешани во корупција, ги попречуваат истрагите за корупција и ги поткопуваат демократските процеси и институции, ја ослабуваат способноста на владите во регионот да одговорат на потребите на своите граѓани и на тој начин придонесуваат за илегалната миграција и дестабилизацијата на нивните земји“, вели државниот секретар Ентони Блинкен.

Американските власти веруваат дека со борбата против корупцијата во Централна Америка ќе ја отстранат една од главните причини за рекордна илегална миграција на американско-мексиканската граница, што претставува политички и хуманитарен проблем за американскиот претседател Џо Бајден. паг/

Остани поврзан