• сабота, 23 ноември 2024

Брнабиќ: Ќе усвоиме дополнителни мерки, се затвараат шалтерите, забранет извоз на лекови

Брнабиќ: Ќе усвоиме дополнителни мерки, се затвараат шалтерите, забранет извоз на лекови
Белград, 16 март 2020 (МИА) - Српската премиерка Ана Брнабиќ, по состанокот на Кризниот штаб изјави дека Владата ќе донесе дополнителни мерки, бидејќи ситуацијата со граѓанската дисциплина е загрижувачка, јави дописникот на МИА од Белград. - На седница на Владата ќе ги заостриме мерките во врска со работењето на кафулињата и рестораните, односно бројот на луѓе кои се во нив, по квадратен метар по лице. Ќе ги затвориме сите шалтери во јавната администрација, на локално и републичко ниво, изјави премиерката, додавајќи дека сите документи, чиј рок истекнува, ќе продолжат да важат се до истекувањето на вонредната состојба. Брнабиќ кажа дека утре ќе се разгледува одлуката дали на оние со над 65 години ќе им биде изречена целосна забрана за излегување од дома. Таа истакна дека за оние кои ја нарушуваат мерката изолација, следува казна од 150.000 динари (1.275 евра). Српската премиерка изјави и дека ќе биде забранет извозот на сите лекови од Србија . - Владата ќе донесе заклучок со кој ќе се ограничи купувањето заштитни маски, не повеќе од 10, десет ракавици, две поголеми средства за дезинфекција, пет помали, нагласи Брнабиќ. об/гт/

Остани поврзан